Македонија

„Доколку не се обезбеди мнозинство за уставните измени, да се распушти Парламентот и да се распишат предвремени избори“, побараа Гаши, Касами и Меџити

„Доколку не се обезбеди мнозинство за уставните измени, да се распушти Парламентот и да се распишат предвремени избори“, побараа Гаши, Касами и Меџити

Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на прес-конференција ги повикаа сите пратеници да гласаат итно и без одлагање за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани.

dobivaj vesti na viber

– На овој начин сите докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба, велат тие.

„Доколку краткорочно не се обезбеди потребното мнозинство за гласање во првата фаза од уставните измени, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за интеграција во ЕУ. Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме уште еден час. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се изгласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и да се распишат предвремени избори, да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политички волја да ги туркаат интегративните процеси кон Европската Унија.

Ние сме тука да го поддржиме процесот и да водиме битка со сите оние кои овојпат го опструираат, или со задоцнување, како што тоа го прави власта, или со демант, како што тоа го прават некои опозициски партии“, изјавија тие.

Макфакс

To Top