Свет

(Видео) Мал авион се урна во Малезија

(Видео) Мал авион се урна во Малезија

Мал авион се урна во малезиската сојузна држава Селангор со осум лица, соопшти управата за цивилна авијација на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Состојбата на шесте патници и двајца членови на екипажот во авионот не може веднаш да се потврди и во тек е мисија за пребарување и спасување“, се вели во соопштението на шефот на управата.

Авионот се урна во близина на населено место Елмина по заминувањето од островот Лангкави, на пат кон аеродромот Султан Абдул Азиз Шах во Селангор. Во авионот имаше вкупно шест патници и двајца членови на екипажот, а нивната состојба допрва треба да биде потврдена“, рече извршниот директор Норазман Махмуд во изјавата.

makfax.com.mk

На почеток