Коментари

Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат со укинување на бесмисленото министерство за политички систем, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека парите потребни за зголемување на пензиите може да се земат од администрацијата на Владата за која се одвојуваат над милијарда денари.

„Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милијарда денари), и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари.
Или, пари има, само треба да се распоредат.
Така?“, вели Најчевска.

На почеток