Коментари

Мицковски за изјавата на Груби: Збори човекот кој славеше со навијачи и го искрши МНТ, кој гестикулира орли и извикува УЧК

Првиот вицепремиер Артан Груби оценува дека посетата на Курти во земјава е добредојдена, но смета дека начинот на кој бил пречекан од страна на организаторите бил лажен фолклорен патриотизам и во насока да се злоупотреби гостинот во политички цели.

Новинарот Ивор Мицковски со свој коментар за оваа изјава.

„Груби: Пројдено е времето на лажен фолклорен патриотизам.
Така е, ова е времето на вистински партиски фолклоризам.
Збори човекот кој славеше со навијачи и го искрши МНТ.
Човек кој во емисија гестикулира орли, кој на митинзи извикува УЧК, кој се тепа заради градење Црква, кој промоцираше платформи, кој гради споменици-дивоградби, кој измислува концерти и отварања бизниси за лапање кеш.
Полека бе дечки, добро ви го знаеме минатото и токму вие го поттикнавте овој сељачки натпревар, од што се искинавте од криминал и крадење откако наметнавте монопол над лажниот албански патриотизам“, вели Мицковски.

На почеток