Бугарија признава и прифаќа девет поголеми малцинства, иако главно оправдување на Софија е дека Бугарија не признава етнички малцинства, вели Трајкоска
Новинарката Жанета Трајкоска ја искоментира изјавата на Захариева која вели дека не е голема работа да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, оти било факт дека во Македонија живеат Бугари.
„Според Захариева измените на македонскиот Устав не се голема работа и ги повикува „македонските соседи и пријатели да не се плашат од промените“. Истото важи и за бугарските соседи, нема од што да се плашат да си го сменат Уставот, не боли. „Измена на Уставот на РСМ(и во Бугарија м.з), не е голема работа. Бугарите (но и Македонците м.з), се дел од реалноста во РСМ (и на Бугарија) и тоа мора да се прифати“.
Може така?! Тоа се вика добрососедство.
Туку седнете и прочитајте што признава, но и зошто не го признава Бугарија македонско малцинство, за разлика од многу други што ги признава. Да зборуваме со факти, а не со површно политиканство и партиски наративи.
Тенденциозното криење информации од јавноста е многу важна алатка за постигнување на целите на оние што располагаат со политичка моќ. Класичен пример на криење информации од јавноста се случува на примерот на идентитетскиот спор помеѓу Македонија и Бугарија. И додека главно оправдување на официјална Софија е дека Бугарија не признава етнички малцинства, вистината е дека Бугарија признава и прифаќа девет поголеми традиционални етнички малцинства, иако нивните права се далеку од меѓународните стандарди“, вели Трајкоска.