Актуелно

Овие од ДУИ не играат на мали голчиња како мамлази, да беше некој друг, до сега ќе имаше врескање од Галичник до Река, вели Трајкоска

„Сакате да ви кажам културно или онака директно?! Овие од ДУИ не рокаат, или уште подиректно се зае*аваат со нас на мртво. Не играат на мали голчиња како мамлази, коментира на Фејсбук новинарката Жанета Трајковска.

„Замислете било која друга партија вака да си игра во Кабинетот на било кој министер во Влада?! Па уште и снимено, монирано, со музиче, па ефекти…па па.па…баба јако! Па да беше некој друг, па до сега ќе имаше врескање од Галичник до Река, ќе се слушаа пискотници од сите “слободоумни граѓани и граѓанки” дека тоа е навреда, срам, потценување на сите граѓани, а пред се на државата. Слушнав нешто вакво сега или мукла?!

Ај ќе ги чекаме да играат ватерполо следно…

Државата им е двор и вршат нужда низ дворов оти им се може, оти ќе падне Владата, а и следната нема да може да пркне оти тие сте посебни, со посебен степен на заштита, што од внатре, а најмногу од надворешни фактори.

А вие другите граѓани и граѓанки од едното опШество -месете леб и мислете како да излезете на крај до 1 и да платите струја. Они се сепак буржуазија која може се, а вие не смеете ни погледот да го дигнете од подот. Оти ќе има криза и Владата ќе падне, а ене позади ќошон не чекаат ЕУ преговори“, додава таа.

На почеток