Македонија

Мијалков денеска повторно во суд

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток