Свет

Британско министерство: Проруски учебници по историја пристигнаа во училиштата во окупираниот дел од Украина

Британско министерство: Проруски учебници по историја пристигнаа во училиштата во окупираниот дел од Украина

Училиштата во областите на Украина кои се под руска окупација ќе добијат нов учебник во кој се велича инвазијата на Владимир Путин, соопшти британското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Во своето секојдневно ажурирање за војната во Украина, Министерството рече дека книгата исто така ќе ја опише Украина како „ултратерористичка држава“.

„Целта на Москва е да го уништи украинскиот национален идентитет и да создаде проруски наратив на окупираната територија“, соопшти Министерството.

Министерството за одбрана објави дека Сергеј Кириленко, првиот заменик-шеф на претседателската администрација на Русија, ги посетил училиштата во окупираниот Доњецк претходно оваа недела за да ја „провери нивната интеграција во рускиот образовен систем“.

makfax.com.mk

На почеток