Коментари

Апасиев сака да седне на спикерското столче како кога го бираа Талат: Ќе ја продужам седницава на диво, оти имаме кворум у сала

По завршувањето на денешната седница за уставни измени на социјалните мрежи се огласи лидерот на Левица Димитар Апасиев.

„Откако Таљат кукавички ја прекина седницата за уставни измени, без да ни даде да гласаме, му викам на колегата Панчо Минов од владејачкото мнозинство: – „Пратениче, сеа ја ќе се качам на спикерското столче, како кога го биравте Талат за прецедник, и ќе ја продужам седницава на диво, оти имаме кворум у сала“.
И Панчо, ко шо го дал Господ префриган, ми вика (на кавадаречки): – „Ако ти ја водиш седницата, ја че останам и че гласам“! 🙃
И ја му враќам: – „Ијјј, да си ибеш векот, секогаш си на ПОБЕДНИЧКАТА СТРАНА на Историјата“. ✌️
#ПратеничкиДијалози
#ЊамаПроменаНаУстав
#ЛевицаВоПарламент“, вели Апасиев.

На почеток