Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „кражба“ и едно дело „тешка кражба“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две малолетни лица, од Штип и Кочани.
Тие, во периодот од 25 до 28 декември минатата година, употребувајќи подесен алат и физичка сила, успеале да влезат во црквата „Св.Архангел Михаил“ на улицата „Вардар” а потоа и во две куќи лоцирани на улиците „Пирин Планина“ и „ Петар Поп Арсов“ во Охрид.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените малолетници, се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000,оо денари.
