Ванковска: Најавата за заедници на албански општини е закана за војна!
Од
Објавено на
Професорката Билјана Ванковска на својот профил реагираше на денешните изјави од пратениците на албанскиот политички блок, кои од говорница кажаа дека доколку не поминат уставните измени, албанските општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ.
„Овие се закануваат со војна! Преку најава на заедница на општини кои би барале влез во ЕУ! Зачленувањето на Македонија во ЕУ уште одамна во еден труд го споредив со приказната за Бенџамин Батон: колку поблиску, толку одење назад кон непостоење. Сите национализми создаваат “совршена бура” – со благослов на ЕУ, нејзините членки и САД.” – напиша Ванковска на својот фејсбук профил.