Коментари

„Секој ден имаме насилства, силувања и родосквернавења, за жената од Градачац беше касно, за нашите жени не е, ако почнеме денес, aма денес е петок…“

Ина Многуфина на социјалните мрежи реагираше околу процедурата за заштита на жртвите на насилство. Вели дека е разочарана од тоа колку небитно се третира апелот.

„Градачац е место со населеност колку наш Охрид. Шансите да не знаеш кој е криминалец со досие подебело од “Војна и мир” се никакви. Дополнително, кај госпоѓава дошол началникот од ПС, единствената станица во местото и и кажал дека овој ја претепал жената пошо не му било вкусно јадењето, веројатно и кажал дека се работи за човек со сериозно досие, сигурно не збореле за римелчиња. И оваа вика не бе нема да досудам забрана немате докази. Сега, после се, она е некоја жртва демек леле луѓе ме напаѓаат…
Туку, друго да прашам. Слушнавте ли некој од нашите политичари да побара да се преиспита и нашиот пат до забрана за приближување? Не, така? Минимум очекувам од нашите парламентарки кои неретко се на врвот од зимање патарини да стане и да каже збор два за процедурите кај нас. Јас ја знам процедурата, спора е. Они ја знаат ли? Кај нас треба промена одма, додека не е касно. Не е собрание само оди дојди искеширај патни трошоци и ко ќе пуштам тв гледам собраниската сала е попразна од библиотека. Каде се унии, форуми на жени од партиите да излезат да притиснат? Да не се правиме дека не читаме црна хроника, секој ден имаме насилства, силувања и родосквернавења. Жално е што сме отрпнати на тие вести, уште пожално што ништо не правиме да го подобриме патот до заштитата на жртвите кои се плашат да пријавуваат. Идат избори, ќе има у програмите дека сите се загрижени за насилство врз жени ама толку. Да помислиш дека тоа е само колку да се привлечат гласови. Реалноста е друга и е страшна, посебно во помалите места. Нз шо друго да ви кажам, разочарана сум многу од тоа колку небитно се третира апелот да се преиспита процедурата за заштита која е спора. За жената од Градачац беше касно, за нашите жени не е, ако почнеме денес. Ама денес е петок па…“, стои во објавата.

На почеток