Коментари

Најчевска до пратеникот Реџепи: Па поголеми национал-шовинисти од етничките Албанци во Македонија – нема

Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагираше на обвинувањата од независниот пратеник Скендер Реџепи-Зејди кој вели дека иднината на државата е загрозена од некои националисти и шовинистички пратеници во македонскиот политички блок.

Најчевска му врати и напиша: „Господи, па поголеми национал-шовинисти од етничките Албанци во Македонија нема. Албанските политичари нудат само криминал спакуван во национал-шовинизам. Ова е онаа народната: тој кој си ја има мувата на капата“.

Претходно, пратеникот напиша: „Иднината на граѓаните на Северна Македонија не е загрозена ниту од соседите, ниту од нејзините граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. Не е загрозено ниту од мнозинството пратеници во собранието на РСМ (македонски, албански, турски итн.) кои се повеќе од свесни за тежината и вредноста на одлучувањето во однос на отворањето на патот кон ЕУ. Целата наша држава се испраќа на работ на пропаст, ризикувајќи дополнително продлабочување на економската и социјалната криза како и изолација од меѓународниот фактор, секогаш само поради некои национал-шовинистички македонски пратеници кои под превезот на лажен патриотизам за ниски политички поени, имитирајќи ги Гевара, Енвер Хоџа и малиот Милошевиќ, ќе ја вратат државата во 90-тите“, пишува Зејди.

На почеток