Вие сте умоболни, деца по 6 години во образование немаат претстава што е школо, реагира Костова за немањето учебници


Поранешната водителка, сега инфлуенсерка, Миа Костова, се осврна на темата учебници и развој на децата во училиштето. Нејзинот син Андрија ќе биде шестто одделение, а ќе учи од компјутер наместо од книги.
Целиот коментар:
„Андрија од септември ќе биде 6то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа.
Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни“, напиша Костова.
