Коментари

Ванковска за најавената оставка на Ковачевски: За предвремени избори е потребно мнозинство во парламентот, а не премиерска оставка

Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи реагираше на интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски кој изјави дека по изгласувањето на уставните измени ќе ос поднесе оставка.

„Јас пак со задоцнување … Дури утрово го слушав интервјуто на Таче за Сител. Дали не знае или не’ прави будали кога вели дека по изгласувањето на уставните амандмани би си дал оставка и би оделе на избори. За предвремени избори е потребно мнозинство во парламентот, а не премиерска оставка! Тој “заборавил” дека токму поради тоа стана премиер откако ЗЗ си даде оставка, без да оди на избори.
За манипулациите со Деловникот на Собранието од Џафери не ми се ни зборува – тоа е само доказ дека ние немаме уставно заснована држава. Ова е башибозук!
На ова додајте го молкот околу модуларната болница, образот ѓон, а и никој не ги гони одговорните.
Само да потсетам: власта се дели на законодавна, извршна и судска! Која функционира кај нас? Прашањето е реторичко“, вели Ванковска.

To Top