Македонија

Утре Османи во Шпанија, со обраќање на летната академија организирана од Борел

Утре Османи во Шпанија, со обраќање на летната академија организирана од Борел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува на работна посета на Кралство Шпанија, каде што ќе учествува на летна академија, која се одржува во Сантандер, од 21 до 25 август, а е организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Џозеп Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.

dobivaj vesti na viber

Османи ќе се обрати на панел посветен на проширувањето и соседството, со фокус Западен Балкан и неговиот пат кон Европската Унија.

На агендата на Османи во Сантандер на маргини на летната академија се и бројни билатерални средби со колеги, меѓу кои со шефот на европската дипломатија, Борел и на Литванија, Ландсбергис, известува МНР.

Макфакс

На почеток