Македонија

Знамето на т.н. голема Албанија не го веел вработен во МВР, на собирот имаше и странци, кажа Спасовски

Знамето на т.н. голема Албанија не го веел вработен во МВР, на собирот имаше и странци, кажа Спасовски

Информации кое е лицето што вееше знаме на т.н. „голема Албанија“ стигнуваат во Министерството за внатрешни работи, тврди министерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека на собирот во Тетово имало и странски државјани. Дециден е дека не станува збор за вработен во МВР, како што се тврдеше на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Едноставно човекот кој го носеше знамето не е вработен во МВР. Кого би знаеле ако не ги знаеме вработените? Јас се надевам дека и кај вас, раководството на телевизијата, ве знаат сите кои сте. Знаејќи дека инспекторот или лицето кое се посочува не е тоа лице, затоа објавивме фотографија, јавна објава, во однос на препознавањето на ова лице. Утврдуваме кој би бил идентитетот на тоа лице. Имаше и лица кои не се од Северна Македонија“, кажа Спасовски.

Прашан дали добиле информација кое е лицето, тој кажа дека им јавиле.

„Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице“, додаде Спасовски.

Спасовски смета дека ќе има правда за овој случај. И да е странски државјанин, ќе бидат искористени правните механизми. Тој кажа дека ќе има потерница.

Лицето го вееше знамето на собирот организиран од Општина Тетово. Со ваквите кадри, тетовскиот градоначалник Билал Касами направи спот.

Макфакс

To Top