Македонија

ПИОМ причина за кавга: Османи во одбарана на дирекорите од ПИОМ, а Шеќеринска ја бранеше Царовска

Откако министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, обвини за злоупотреби во ПИОМ, каде со години директори се функционери на ДУИ, денес вицепремиерот Бујар Османи излезе со остра порака до неа. Тој ја обвини дека дава несреќни изјави, а се закани и со тужба.

-Околу вчерашната фама и спектакуларни наслови, за злоупотреба на пензискиот фонд од 19 милиони евра, јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која отвори можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба. Кога вчера го верификувавме и со министерството и со фондот дека апсолутно не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на Фондот, туку дел поради административни пречки, дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на Влада да се намалат придонесите, дека тие не биле префрлени во вториот столб. Меѓутоа, не станува збор за апсолутно никаква злоупотреба на ниту еден денар од тие средства. Побарав и од министерката и од фондот денес да излезат и да објаснат пред граѓаните, да разјаснат дека тоа е “фејк-њуз“. Најавувам дека сите политичари и медиуми кои го инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат, ќе покренеме правна постапка со цел да ја докажеме вистината, истакна Османи.
Османи најави тужби против медиумите што, како што рече, ширеле лажни вести.
Во одбрана на Царовска, пак, застана вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Од она што го чув вчера на прес-конференцијата и во изјавите, јасно станува дека е направена злоупотреба, што не значи дека парите се завршени во приватни џебови на функционери, но обвинителството мора да ја истражи злоупотребата“, рече Шеќеринска.
За потетување министерството за труд и социјална политика соопшти дека до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток