50-годишна скопјанка, деновиве починала од слепо црево. Таа со болки во абдоменот била примена во Клинички центар каде и била консатирана дијагноза слепо црево. По неколку часовно чекање во ходник за да се ослободи кревет каде ќе биде сместена, скопјанката починала, пренесува порталот Скопје Инфо.
Oчевидци на настанот за „Скопје Инфо“ сведочат дека скопјанката била примена во свесна и добра здравствена состојба. Но, лошиот однос и негрижата на здравствениот персонал било причина да настанат компликации кои биле причина за смртта.
Од Министерството за здравство не го коментираат последниот случај.