Товарен воз попладнево удрил во одрони од карпа, па излетал од шините во близината на Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес – Скопје, информираа од СВР Велес.
Во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на тој дел, затоа што се острануваат одроните и се расчистува местото на несреќата, а СВР Велес и ЈП Македонски железници вршат увид.
Сите патници кои вечерва од Скопје планирале да патуваат по таа пруга, односно до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија, ќе бидат превезени со автобуси кои ќе се обезбедени како замена.