Коментари

Министерство за правда пушта образец за фирми за прекин на извршувањето, а граѓаните до смрт ќе ги извршуваат?, прашува Глигорова

Активистката Ана Глигорова реагира што Министерството за правда објавило образец за фирми за прекинување на извршување, но не и за физички лица.

„Министерство за правда пушта образец со кој одредени правни лица (фирми) за прекинување на извршувањето поради настапување на правни последици од отворањето на стечајна постапка. Се прашувам, каде е Министерството за Правда за граѓаните (столбот на државата) да пушти образец по кој ќе делува извршителот за прекин на извршување, според закон за застарени предмети, или до смрт ќе се извршува, иако постои закон во сила за застарување со повратно дејство. Државата е поткопана во своите темели со ваков репресивен систем на штитење на едни а дискриминирање на народот“, пишува Глигорова.

На почеток