Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски ги ислуша пензионерите, тие му ги претставија сите нивни забелешки за законот

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ имавме состанок со Синдикатот на пензионерите и разговаравме за актуелната положба на пензионерите во Република Македонија. И детално го анализиравме новото законско решение кое што помина во рамките на Парламентот.

Пензионерите ни ги претставија сите нивни забелешки, сите нивни сугестии како истиот тој закон да биде подобрен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со Синдикатот на пензионерите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека за ВМРО-ДПМНЕ во минатото исто така и во иднина, основна цел ќе биде подобрување на квалитетот на животот на пензионерите бидејќи тие тоа го заслужуваат, бидејќи имаат и те како многу дадено за оваа држава.

„И те како имаат многу дадено за Република Македонија. Така што навистина они ги заслужуваат пензионерските денови да им бидат достоинствени, а да не бидат омаловажени и понижени како што впрочем се во ова држава се труди владата на СДСМ и Зоран Заев да го омаловажи и понижи. Се разбира на врвен приоритет се нивните лични приоритети и сугестии.“

-ВМРО-ДПМНЕ денеска во разговорот со Синдикатот за пензионерите им го пренесе нашиот став и им кажа во текот на утрешниот дел на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе предлог закон за укинување на новото законско решение каде што практично пензионерите се оштетени за отприлика 500-тини денари по месец имајќи во предвид движењето на просечната нето плата во изминатото полугодие. И ќе бара веднаш враќање на старото законско решение. Така што на уште еден начин ќе укажеме дека ние навистина се грижиме за пензионерите, а од друга страна ќе ја покажеме штетната политика на СДСМ, потенцираше Мицкоски.

Тој подвлекува дека тоа практично се сите оние нефункционални и проблематични т.н. реформи што ги прави Владата на СДСМ и Зоран Заев.

Според Мицкоски за волја на вистината структурна реформа е само оваа минималната плата, но, според него ги гледаме сите негативни ефекти на таа минимална плата каде преку што 300.000 пензионери секој месец во годината што следува ќе бидат со намалена пензија од 500-тини денари, односно нема да го добијат заслуженото покачување отприлика 500-тини денари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партијата работи и во својата програма има сет мерки кои што ќе ги предложи пред граѓаните но и пред пензионерите и дека денеска било разговарано за делот од тие мерки.

-Дел од сугестиите кои што денеска Синдикатот на пензионерите ни ги презентираше практично на оваа средба ќе бидат инкорпорирани се разбира во рамките на новата партиска програма. Така што еве работиме, учиме и навистина она кое што сакаме да го покажеме пред граѓаните е нов пристап, нов принцип на работење на политичките партии со честитост, принципиелност, искреност и достојност на тоа што ќе биде ветено тоа и да биде реализирано понатаму, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток