Свет

Грипот за една недела зеде 5 жртви во Црна Гора

Пет лица починаа за седум дена во Црна Гора како последица од грипот, а помеѓу нив е и две годишно момче. Црногорскиот институт за јавно здравје во вторникот соопшти дека 45-годишна пациентка е петтата жртва на грипот.

Од грипот починаа и две годишно момче, како и три опстари лица. од Институрот соопштија дека бројот на заболени од грипот во периодот од 21 до 27 јануари е зголемен во однос на минатите седмици. Пријавени се вкупно 386 случаи во кои симптомите сеслични на оние на грипот.

што е за два пати повеќе во однос на минатата недела, и три пати повече во поредба со истиот период лани.

– Се наоѓаме во фаза на епидемија на грип и се очекува да кулминира во наредните недели, по што бројот на заболени ќе почне постепено да опаѓа, се наведува во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток