Охрид

Охрид деновиве пулсира во спортски ритам

„Охрид деновиве пулсира во спортски ритам“, вели Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

„Вечерва свечено го означивме почетокот на ракометниот турнир “Крсте Андоновски”.

Како никогаш претходно во овој период од сезоната имаме квалитетни спортски и културно – забавни настани кои значајно влијаат на продолжување на туристичката сезона.

Нашата замисла и цел е во иднина да организираме и поддржиме настани и манифестации од овој тип со што значително ја менуваме понудата во градот“, додава тој.

На почеток