Бугарската влада го одобри нацрт-протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Со истата одлука, како што објавија бугарските медиуми, Владата на Бојко Борисов го овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде за недела до две.