Охрид

Трагедија: Се удави маж во Охридското Езеро, во близина на Свети Наум

Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум.

Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, односно имал 64 години, државјанин на Република Албанија.

Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.

На почеток