Поранешниот Министер за стопанство Петруш Стефанов, на Фејсбук коментираше дали Гордана Силјановска треба да биде Претседател.
“Пред десет години поголема група универзитетски професори, академици и еминентни јавни личности ја поддржаа иницијативата Ѓорге Иванов да биде кандидат за престедател на Република Македонија. И, што се случи!?
Дотогаш скромниот и демократски ориентиран професор се изроди во слуга на деспотот Никола Груевски и останува забележан како најлош претседател на Република Македонија.
Наместо татко на нацијата имавме расипан очув. Иницијативата за кандидирање на почитуваната професорка Гордана Сиљановска Давкова ме потсети на тоа што го напишав погоре.
Гордана и интелектуално и политички и сигурно и како личност е три копја над Ѓорге Иванов и во право е кога вели дека споменатата иницијатива ја поттикнала сериозно да размисли околу евентуално кандидирање за претседател на државата.
Како нејзин колега во првата политичка влада на Република Македонија (нејзиниот придонес во градењето на политичкиот систем на младата самостојна држава беше голем, иако недоволно експониран), и’ предлагам, во овој галиматијас на про и контра кандидирање, да го земе предвид и искажувањето на Денко Малевски во врска со истото прашање и спомнувањето на неговото име како можен кандидат за претседател.
Досега имавме очув на нацијата. Во ова крајно нервозно, дури крволочно време на нацијата и’ треба МАЈКА”, стои во објавата.