Шеесет и едногодишна жена починала на Карил, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството. Жената имала силни стомачни болки, но три дена лекарите не успеале да дијагностицираат за што точно се работи, ниту итно да ја оперираат објави Нова ТВ.
Според извор на телевизијата семејството е се уште во шок, но во наредните денови најверојатно ќе излезат во јавноста за случајот.
Голготата започнала на почетокот на минатата недела. Со силно стомачно страдање, Аница најпрво помош побарала во Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, каде и дијагностицирале дека има камен во бубрегот и ја пратиле дома.
Според кажување на блиска на семејството, таа ноќта ја поминала со болки, за утрината да биде однесена во Ургентен центар, но не била хоспитализирана таму бидејќи немало место. Три дена, сега починатата жена била шетана по болничките ходници за да потоа биде хоспитализирана на Клиника за нефрологија, иако не била за таму. Дури откога бил повикан абдоменален хирург кој препорачал да биде однесена на Клиника за дигестивна хирургија, таа во четвртокот минатата недела била примена на таму и попладнето оперирана. Покачените вредности на уреа и креатинин и други параметри на лекарите на Нефрологија им укажувале дека со организмот нешто се случува.
По ова, таа била однесена на КАРИЛ, каде по три дена починала. Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство, објав Нова ТВ.
Текстот во целост прочитајте го на овој линк….
