Свет

Силен дожд во Далмација, Сплит и Диоклецијановата палата се под вода

Силниот дожд кој што од синоќа врне во областа на Далмација, Хрватска, направи проблеми во Сплит, а поплавени се подрумите на прочуената Диоклецијанова палата.

Неколку сплитски улици се целосно под вода, а дошло до прекин во електричната енергија на неколку места. Поплавени се неколку куќи.

Во последните 24 часа паднале 62 литри дожд по метар квадратен. Во околината на Сплит забележани се неколку одрони, а дождот правел проблеми и во Макарска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток