Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена од 9 часот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Инаку претходно поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, утрово во 7:30 часот, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.
