Косовскиот државен врв, претставен од шефот на државата, Хашим Тачи, собранискиот спикер, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај денеска ќе се сретнат со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.
На средбата треба да стане збор за американското барање за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, кое предизвика криза во владината коалиција.
Тројцата претставници од Приштина има свој став по однос на ова прашање.
Премирот Хардинај е категорично против повлекување на таксите, Спикерот Весели предложи таксата, под одредени услови, да биде суспендира на 120 дена, додека претседателот Хашим Тачи, силно се залага за повлекување на таксите.
Инаку поради прашањето околу таксите, како што пишуват медиумите „Косово ризикува да ја изгуби поддршката на САД и ,,Распад на Владата на Харадинај“.
Сега, Косово има само две опции, да ги укине таксите или да оди на предвремени избори по падот на владата на Рамуш Харадинај.
Лани во ноември, Косово воведе такси од 100 насто за производите од Србија и Босна и Херцеговина.
