На 30.01.2019 година во 13.30 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, Б.Г.(48) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Лада караван“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Т.(66) од Глишиќ, кавадаречко, и го напуштил местото. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на место извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
Се работи на расчистување на случајот..
