Порака до Ковачевски: Се додека немате имиња на монструмите, треба да имате наведнати глави – ова е скандал од размер на Жолтата куќа
Новинарката Соња Трајковска го искоментира излагањето на премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот „Онкологија“. Откако премиерот кажа „Да не се прави сензационализам, криминалот има свое име и презиме“, таа му порача дека ова е скандал од размери на Жолтата куќа.
Ставот на Трајковска во целост:
„Ова е скандал од размер на Жолтата куќа, на случаи во свет кога медицински лица намерно убиваа деца, немоќни, а ти имаш премиер кој ти вика дај не драмете?! Ова не е политика, не е Устав, Бугари, избори. Ова е живот, ова се семејства кои водат животни битки со своите најблиски.
Се додека немате имиња и презимиња на монструмите и на тие што ги прикривале, треба да имате наведнати глави и да се засрамите што не сте реагирале досега! А не уште да сте дрски и безобразно нечувствителни. И ова е најблага квалификација“.