Македонија

339 санкции за брзо возење

339 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи, извести МВР.

– Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 158 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место, велат од МВР и додаваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови.

Макфакс

На почеток