Филипче и претходниците треба да одат во затвор за убиство со умисла, смета Најчевска оти системот за цитостатици бил фрлен во подрум
Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека ексминистерите за здравство од 2017 година до денеска, вклучувајќи го Венко Филипче треба да одат во затвор за убиство со умисла. Заклучокот го носи откако беше објавено дека Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози.
„Тоа значи дека Венко Филипче и сите министри кои дошле по него како и директорите и раководниот персонал на релевантните институции, треба да одговараат кривично и да одат во затвор за убиство со умисла направено во вршење на службена должност“, напиша Најчевска.
Дека системот е набавен и не функционира потврдија и од Онкологија. Тие рекоа дека се прават анализи да се утврди дали се исплати системот да биде ставен во функција. За одговорноста, рекоа дека треба други лица да се прашаат, оти тие се раководство само неколку месеци.