Македонија

Затвор за скопјанецот кој го натепа ЛГБТ активистот Беким Асани – донесена пресуда

Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, поднесен против Ф.Г. од Скопје, по одржаната главна, јавна и усна расправа, на 31 јули 2023 година го прогласи обвинетиот за виновен за сторено дело од омраза за насилството што го изврши минатата година за време на протестен собир во Скопје врз Беким Асани, активист за човекови права и претседател на Здружението за зајакнување и застапување на ЛГБТИ заедницата ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД од Скопје, пишува истоимениот портал.

Судот во донесената и јавно објавена пресуда на судијката Даниела Димовска го најде обвинетиот за виновен затоа што „на 31 август 2022 година околу 16:20 часот на улица „Битпазарска“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз оштетениот Беким Асани, сторено од омраза поради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата, при што му нанел телесни повреди, со што во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, на начин што додека оштетениот со повеќе лица чекал да започне најавениот јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилството врз единаесетгодишно девојче од Република Косово, во еден момент обвинетиот му се приближил и почнал да го навредува поради неговата сексуална определба, а потоа физички го нападнал удирајќи го со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесна повреда изразена во вид на набијна повреда во пределот на главата и набијна повреда во пределот на слабинската регија“.

Повеќе

На почеток