Како човек што е дел од образовниот процес можам да констатирам дека генерации млади луѓе се осакатени поради тоа што оваа криминална Влада на ДУИ и СДСМ сака преку злоупотреба на тендери и наместени тендери да се богати. Тоа е причината зошто доцнат учебниците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Додаде дека во оваа ситуација се поставува прашањето што правеше цела година Министерството за образование и наука за да на 1 септември да им текне дека учебниците не се отпечатени.
„Можам да констатирам дека само криминал и неспособност е во заднина на она што веќе неколку години по ред ни се случува откако е Владата на ДУИ и СДСМ“, заклучи Мицкоски.
Макфакс