Македонија

Кој ќе биде претседателски кандидат од ВМРО ДПМНЕ ќе се знае на 16 ти февруари

Истече рокот за пријавување кандидатури за претседател во ВМРО ДПМНЕ. Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се се пријавил на јавниот оглас за претседателски кандидат. На 16 февруари на конвенцијата во Струга партијата ќе го избере партискиот кандидат за претстојните претседателски избори.

ВМРО-ДПМНЕ донела став дека нема да ги бојкотира претседателските избори, објави порталот СДК.мк, повикувајќи се на анонимен висок функционер во ВМРО ДПМНЕ.

Засега е познато во јавноста дека кандидатури поднесоа пратеникот Владимир Ѓорчев и Филип Петровски. Во јавноста како можен кандидат се споменува и името на професорката Гордана Силјановска Давкова, но од партијата засега нема потврда дека таа се пријавила на огласот кој заврши вчера.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток