Магазин

МНТ со „Лaгата“ учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

МНТ со „Лaгата“ учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

Македонскиот народен театар оваа година со претставата „Лагата“ ќе учествува на 31. Фестивал на камерниот театар „Ристо Шишков“.

dobivaj vesti na viber

Претставата е работена според текст на актуелниот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

„Лагата“ ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, а во чест на нашиот драг колега, соработник и, пред сè, голем пријател – Крсте С. Џидров. Џиби, како што го нарекувавме во театарскиот свет. Тој од 1984 до 2022 е автор на сценографии за 12 (дванаесет) претстави во МНТ, а токму претставата „Лагата“ е негова последна сценографска креација во овој театар.

Макфакс

На почеток