Крадат од народот и се самоамнестираат во име на народот, вели Кекеновски за КЗ
Срамно, бедно, јадно и гнасно. Вака политичкиот аналитичар Јове Кекеновски ги опишува експресните промени на Кривичниот законик.
“По експресните измени и дополнувања на одредбите на Кривичниот законик кои се однесуваат на: намалување на затворските казни за злоупотреба на службена положба за лична корист; на можноста порано да застарат сторените кривични дела; на бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот; пониски казни за кривичното дело злосторничко здружување и др., дефинитивно се потврди дека ГОЛЕМ БРОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ НЕМААТ ГРАМ ЧЕСТ И МОРАЛ. ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАТЕНИЦИ АМНЕСТИРА ЗЛОСТОРНИЦИ И ИДНИ АРАМИИ.
Замислете во ЕУ ќе не внесуваат арамии и амнестирани арамии. ПУ Ј’ЗК. Крадат од народот и се самоамнестираат во име на народот. За сите овие гнаси по 100 години затвор е малку”, пишува Кекеновски.