Македонија

Алијанса и Беса избраа заеднички кандидат за претседател?

Одлуката на Демократската унија за Албанците да не коалицира со СДСМ туку да настапи со самостоен кандидат на претседателските избори, беше дочекан со аплауз во другите политички партии со албански предзнак. Од Алијансата за Албанците иронично апелираат кандидатот на ДУИ да биде Албанец алудирајќи на долгото консензуално договарање со социјалдемократите.

„Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат со СДСМ, а во минатото со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот Зијадин Села упатен јавно преку медиумите за соочување со ДУИ. Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот – распишување на предвремени парламентарни избори“, велат од партијата.

Во опозицискиот дел од Беса веќе понудија сите албански партии да имаат еден заеднички кандидат со цел да се факторизирал гласот на етничките Албанци.

„Во тој контекст, подготвени сме за соработка со сите што размислуваат како нас“, велат од Беса на Билал Касами.

Повеќе на Независен.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток