Скопје

Во 24 часа во Скопје седум сообраќајни незгоди, 80 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило “пајак”

Во текот на изминатиот ден (31.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четворица поради непоседување пропишана зимска опрема, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се 14 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток