Шуплива шрича, не знам како Таче мисли вмровци да му гласаат уставни измени откако сите ги ослободи, порача Јоци
Од
Објавено на
Политичкиот аналитичар Јорданка Ивановска-Јоци ги искоментира измените на Кривичниот законик, кои ги доведе во корелација со уставните измени за кои Владата нема доволно гласови во Собрание.
„Не знам како Таче мисли вмровци да му гласаат уставни измени откако сите ги ослободи. Шуплива прича на Бихаќка док се товарат за 15 поколенија.
Логично, требаше прво да му гласаат „Бугари во Устав” (а знаеме веќе не му гласаа) а потоа СДСМ да ги ослободува сите до еден, вклучително и своите од коалицијата. Пресмешно Патем, не знам зошто толку потресување – кој лежел досега освен Гоца? Баш никој!“, порача Јоци.