Македонија

Скопјанка претепана од нејзиниот вонбрачен партнер

Скопјанка претепана од нејзиниот вонбрачен партнер

Жена од скопски Аеродром, во полиција пријавила дека била претепана од нејзиниот вонбрачен партнер.

Според полицијата, синоќа во 00.20 часот во СВР Скопје, 40 – годишната жена пријавила дека на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.С.(39) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Макфакс

На почеток