Министерството за внатрешни работи ја информира дека денеска со почеток во 18.00 часот, поради одржување на јавен собир пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Макфакс