Магазин

„Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски ќе ја отвори новата сезона на Националната опера и Балет

„Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски ќе ја отвори новата сезона на Националната опера и Балет

Новата сезона во Националната опера и Балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16 септември 2023 со почеток во 20 ч.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер е Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска-Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски/Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева-Талевска/Катерина Стојановска – Асија, Александра Лазаровска-Василевски/Елена Голомеова – Агија и Марика Поповиќ/Соња Пендовск- Мадевска – Дина. Настапуваат Хорот и Оркестарот на Националната опера и Балет.

Операта „Лидија од Македонија“ е опера во два дела. Создадена е во 2001 година по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема. Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на www.operabalet.mk и на билетарницата на Националната опера и Балет.

Макфакс

На почеток