Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ќе игра за САД на Олимписките игри во Париз следната година.
Како што пренесува Атлетик, Џејмс ќе го предводи тимот на Соединетите Американски Држави на Игрите во Франција, во кој ќе бидат и Стеф Кари и Кевин Дурант, кои исто така се подготвени да ги бранат боите на американската репрезентација.
НБА ѕвездата последен пат играше за САД на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, а сега е подготвен следното лето да и го посвети на репрезентацијата.
Според Атлетик, тој ги повикал сите други најдобри кошаркари на САД да се приклучат на националниот тим.
Џејмс разговарал со Кари, Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин и сите се подготвени да бидат во репрезентацијата.
Сериозен интерес да бидат дел од олимпискиот тим во француската престолнина покажале и Девин Букер од Феникс, Демијан Лилард од Портланд, Диерон Фокс од Сакраменто и Кајри Ирвинг од Далас.
Макфакс