Свет

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа историско ниво

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа историско ниво

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека односите меѓу Москва и Пекинг достигнале „историско ниво без преседан“, соопштија руските државни агенции.

Путин, кој се сретна со кинескиот потпретседател Џанг Гуокинг на маргините на Источниот економски форум, рече дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг имаат „пријателски лични и деловни односи“, пренесе ТАСС.

„Тоа секако помага во развојот на билатералните односи и меѓудржавните врски“, наводно рекол Путин.

Путин го пофали и „многу високото“ ниво на економска и политичка соработка меѓу Москва и Пекинг.

„Се разбира, сето ова е дериват на постигнатото на политичко ниво“, рече тој и додаде дека резултатите се „повеќе од добри, одлични“.

makfax.com.mk

На почеток