Свет

Белата куќа апелира до Северна Кореја да не и продава оружје на Русија

Белата куќа апелира до Северна Кореја да не и продава оружје на Русија

Белата куќа денеска ја повика Северна Кореја да не и продава оружје на Русија што Москва ќе го користи во војната против Украина.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Ројтерс, севернокорејскиот претседател Ким Џонг- ун моментално е на пат за Русија, каде што треба да биде во официјална посета на таа земја, на покана на неговиот руски колега Владимир Путин.

„Како што јавно предупредивме, се очекува разговорите за оружје меѓу Русија и Северна Кореја да продолжат за време на посетата на Ким Џонг-ун на Русија. Ја повикуваме Северна Кореја да ги исполни обврските што ги презеде Пјонгјанг дека нема да испорачува или продава оружје на Русија“, изјави Адриен Вотсон, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

makfax.com.mk

На почеток