Артан Груби во секое појавување во јавноста во недостиг на вистински факти се занимава со албанската опозиција како државата да се води од страна на опозицијата, реагираат од Демократското движење.
„Всушност, опозициските партии станаа опсесија на Груби и во недостиг на веродостојни аргументи тој измислува видливи лаги, кои имаат сосема спротивен ефект и влијаат на подобрување на имиџот на опозициските партии. Тој лаже кога вели дека опозициските партии станале вазали на ВМРО бидејќи така тој ја разбира политиката, како вазали, уште повеќе кога се знае дека сè уште зад сцената дише неуморната љубов меѓу ДУИ и режимот на Никола Груевски“, велат од оваа партија.
„Лаже кога вели дека опозициските партии ја злоупотребија посетата на премиерот Курти, лаже кога вели дека посетата на семејството Деволи не била мешање на ДУИ во Косово, лаже кога вели дека на македонските олигарси им пречат успешните Албанци во политиката алудирајќи тука и на себе. Но, Груби рече и дека ниту еден министер на Алијансата за Албанците не се спротивставил на измените во Кривичниот законик, како што е изјавено во медиумите од претставниците на оваа партија. Значи, токму Алијансата треба да каже кој, всушност, лаже: Груби или Алијансата“, потенцираат од Демократското движење.
Макфакс